Асвел со новиот тренер ја порази Црвена Звезда

317

Кошаркарите на Црвена Звезда загубија на гостувањето кај Асвел во Вилербан со 100:91 во 20. коло од Евролигата. Асвел со новиот тренер покажа нова енергија на паркетот и на крајот дојде до заслужена победа.

„Црвено-белите“ имаа одбрана на ниво и го држеа мечот во егал се до самата завршница.  Парис Ли го предводеше Асвел до победа со 23 поени, додека кај Црвена звезда се истакна Немања Недовиќ со 26.

Кошаркарите на Панатинаикос со суверена игра во арената „ОАКА“ победија со 83:76 против Анадолу Ефес. Марису Григонис беше прв стрелец на Панатинаикос со 24 поени, а Родриг Бубоа беше најдобар кај Ефес со 16 поени.

Олимпија Милано без Никола Миротиќ ја победи Алба на домашен терен со 82:76.

ПретходноАл-Келаифи: Мбапе има договор со мене!
СледноЧелзи поразен на „Риверсајд“, Мидлсброу се надева на финале во Лига Купот