Како што и беше најавено, денеска фудбалерите на Силекс ги стартуваа подготовките и тоа под водство на новиот шеф на струката, Александар Васоски. Познато е дека пред новогодишните празници тој и официјално ја презеде тренерската палка во еден од нашите наајтрофејни клубови, а од денеска и официјално стартуваше со работа.
Првата фаза од подготовките, во зависност од временските услови кратовци ќе ја одработат на својот стадион, а потоа експедицијата ќе се пресели во Охрид каде што и ќе се одиграат неколку пријателски средби.