Гостиварци со новиот тренер Аталан ги стартуваа подготовките, главната фаза во Анталија!

884

Денеска новиот стратег на Гостивар, Исмаил Аталан означи старт на зимските подготовки. Покрај вообичаениот прв состанок со играчите на кој меѓусебно се запознаа, се одработи и првиот тренинг.

Инаку планот на подготовките за пролетниот дел е следен. Од 11 до 15 јануари ќе се тренира во Струмица, и тоа на Градскиот стадион во овој град, а предвидена е пријателска со Беласица.

Главната фаза ќе се одвива во Анталија каде експедицијата на Гостивар ќе престојува од 17 јануари до 3 февруари. Во овој период ќе се одиграат и неколку пријателски средби со квалитетни ривали се со цел екипата да биде во топ форма во пресрет на стартот на пролетниот дел.

Во врска со преодниот рок, не е тајна дека Гостивар има намера и тоа како да се засили.

ПретходноПлатите во Вардар се исплатени, а Михаилов со коментар:Пред нас е тешка битка за опстанок!
СледноСтручен коментар – Ристо Магдинчев: Имаме тешка група, посакувам и очекувам Македонија да одигра најдобро што може на ова ЕП!