Де Лаурентис ги затворил фудбалерите на Наполи во хотел!?

210

По поразот од 3:0 од Торино, фудбалерите на Наполи поголемиот дел од неделава ќе го поминат зад затворени врати. Како што објавија извори блиски до клубот, со наредба на сопственикот Де Лаурентис и спортскиот директор Мауро Мелусо, фудбалерите и стручниот штаб се ставени во карантин.

Играчите и стручниот штаб не се во карантин во клупската база, туку во хотелот Серапид во Неапол. Таму играчите ќе тренираат поголем дел од неделата.

Информциите велат дека тимот ќе работи во овој режим до натпреварот со Салернитана кој ќе се одигра на 13 јануари.

ПретходноБарселона никогаш не била толку неубедлива во својата историја
СледноЖоглев и Вардар ја завршија соработката