За 12 милиони евра купија напаѓач кој има еден гол во 30 натпревари во Ла Лига

578

Францускиот прволигаш Ница го купи напаѓачот Мохамед-Али Шо од Сосиедад за 12 милиони евра. Овој 19-годишен фудбалер дојде во Сосиедад во 2022 година од Анже за 11 милиони евра, меѓутоа не се снајде во Сан Себастијан.
Ефектот му е катастрофален минатата сезона во 19 настапи во Ла Лига постигна еден гол, а оваа сезона во 11 меча ниту еден.
Јасно е дека Шо не се вклопува во екипата па тој мораше да биде продаден и покрај тоа што има договор до летото 2028 година. Ница го побара, а Сосиедад веднаш ја прифати понудата.

ПретходноПартизан влезе во криза: Убедлив пораз на „црно-белите“ во Истанбул
СледноЛидерот во Бундеслигата три месеци ќе биде без нигерискиот голгетер