Од денеска и Брегалница е во “погон“ што се вели. Шефот на струшниот штаб Горан Здравков прво прозиваше, потоа следуваше кус состанок со своите играчи а потоа се одработи и првиот тренинг во новата 2024 година.
Овие зимски подготовки за пролетниот дел се многу важни за штипските “сини“. Познато е дека ги чека тешка битка за изборување на опстанокот во елитата, па затоа ќе мора овие подготовки добро и да се одработат.