Македонија на ова европско без ракометар со голгетерско “педигре” како во минатото!

519

СпортСпорт во Дизелдорф, Марија Ковачева

Македонската ракометна репрезентација минува период на промена на генерација. Оние денови кога „црвено-жолтиот“ дрес го носеа повеќе исксуни имиња од неискусни се зад нас. Сега се гради нов тим, за кого дефинитивно треба трпение и најважно поддршка.

На ова Европско првенство во составот на Македонија нема ниту еден играч од Топ 5 листата на играчи со најмногу голови или пак играчи со најмногу настапи, овие бројки се во сопственост на легендите кои низ годините беа лидери во националниот тим.

Според статистиката која ЕХФ ја извади пред шампионатот, Кирил Лазаров, актуелниот селектор има најмногу голови во дресот на Македонија на Европските првенства. Од 2012 до 2020 година има постигнато 182 гола, зад него е Манасков со 94 погодоци, по што следат Стојанче Стоилов со 83, Филип Миркуловски со 62 и Гоце Георгиевски со 49.

Македонски репрезентативец со најмногу настапи на ЕП е Стојанче Стоилов, има одиграно 29 натпревари, еден помалку имаат Дејан Манасков, Филип Миркуловски и Борко Ристовски, додека Лазаров има 27.

Овие бројки договлно говорат за неискуството на новата Македонија на вакви натпреварувања.

ПретходноПРАЗНИЧНА РАДОСТ СО НЕВЕРОЈАТНИ 32.185.186 ДЕНАРИ: ИГРАЧ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ГО ОСВОИ НАЈГОЛЕМИОТ ВЛТ ЏЕКПОТ
СледноМилан се пофали со нов крилен играч, а го продава Круниќ во Фенербахче