Македонија пред тешка мисија, Кузмановски со порака: Лавовски ќе се бориме за нашата држава, за фановите..

488

Марија Ковачева

Останува еден ден до стартот на ЕП 2024 година кое ќе се одржи во Германија. Македонија ќе го игра седмото по ред континентално натпреварување, вкупно осмо во својата историја или нашите ракометари веќе 13 години по ред се на големите натпреварувања.

Ждрепката не беше среќна за младата Македонија, на стартот ќе игра против Франција, па со Германија и групната фаза ја завтвара против Швајцарија.

СпортСпорт на ден пред стартот разговараше со Филип Кузмановски, еден од неколкумината искусни ракометари во нашиот состав.

„Со нетрпение го очекуваме ова првенство. Работевме напорно во изминатиот период. Дојдовме да се натпреваруваме, со насмевки на лицето и со лавовско срце, како што доликува на сите Македонци. Имаме одлична атмосфера, што посебно ме радува. Сите сме како едно, тоа е единствениот клуч за да бидеме уште уште подобри“, ни изјави Филип Кузмановски.

Сите очи се вперени кон Дизелдорф и кон историскиот ден (10. јануари) кога на стадионот „Меркур Шпил Арена“ ќе биде историја, а од истата дел ќе биде и Македонија. Нашите ракометари ќе играат против Франција.

„Со нетрпение го очекуваме мечот на стадионот, ќе биде навистина посебно. Никогаш немам играно пред толку многу публика. Играме против Франција, според мене фаворит за златниот медал на првенството. Не треба многу да се зборува за оваа земја и за играчите кои играат. Но, ние сме Македонци, имаме победнички менталитет, ќе се бориме за нашите навивачи, за нашата држава, за нашите семејства“.

Популарниот Фитиљ заедно со уште неколку ракометари имаат задача да ги повлечат помладите ракометари

“Се обидувам да им го пренесам она што мене ме советуваа искусните играчи кога првпат заиграв за репрезентацијата. И јас го одев нивниот пат, нормално е да имаат трема. За некои од ракометарите ова првенство е прво, ќе играат против нивните идоли. Истото се однесува и за мене, ќе играм против моите идоли, што пак е дополнителна мотивација да се борам на теренот, да се натпреварувам“.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Дашмир Елези е нов играч на Локомотива Загреб
СледноШкендија ќе игра пријателска со Динамо Киев