Како што велат информациите од Италија, Наполи и Антонио Конте веќе два дена интензивно преговарале, но сепак сеуште нема договор. Се шпекулира дека и ќе нема, иако Аурелио Де Лаурентис му понудил на екс стратегот на Јуве, Челзи, Интер и Тотенхем, 8 милиони евра по сезона и плус бонуси. Познато е дека во Интер тој земаше 12 милиони евра годишно.
Исто така му понудил 3,5 годишен договор, а секако и целосна контрола за се она што ќе се случува со трансферите во клубот.
Останува да се види дали Наполи ќе ја зголеми понудата како би го добил Конте за тренер на тимот.