Партизан влезе во криза: Убедлив пораз на „црно-белите“ во Истанбул

171

Белградски Партизан доживеа убедлив пораз на гостувањето во Истанбул по очајното второ полувреме. Фенер беше подобар во сите сегменти и на крајот заслужено славеше со резултат 91:76.

Партизан беше лош во шутот со големи слабости во нападот и не најде начин да игра против агресивната одбрана на Фенербахче која придонесе за нов пораз, трет во последните четири натпревари.

Дорси со 24 и Гудуриќ со 15 поени беа предводници на Фенер до новата победа, додека кај Партизан Пантер постигна 18 поени, а Нанели додаде 14.

Монако во вториот денешен меч славеше со 93:83 против екипата на Басконија.

ПретходноВардар му се заблагодари и на Вецески
СледноЗа 12 милиони евра купија напаѓач кој има еден гол во 30 натпревари во Ла Лига