Попладнево на прес конференција на ФК Вардар, беше истакнато дека побарувањата, односно платите им се исплатени на сите во клубот. И тоа благодарение на финансиската поддршка од страна на Градот Скопје, а првиот човек на клубот Милорад Миленковски јавно им се заблагодари на сите во Градот Скопје. На советниците, на Советот, на градоначалничката Данела Арсовска и на претседателот на Светот, Трајко Славевски.
На пресот беше претставен и новиот шеф на стручниот штаб на Вардар, Горазд Михаилов кој покрај другото истакна:
“Секако дека сум среќен и се радувам затоа што се вратив од таму каде што потекнувам, во Вардар. Сите ние знаеме во каква ситуација е клубот. Од друга страна ме радува тоа што полека финансиската ситуација се стабилизира. Вардар е клуб на народот, Вардар е најголемиот бренд во Македонија и така треба да се однесуваме кон него. Пред нас е тешка битка за опстанок, а јас можам да ветам дека заедно со соработниците, играчите, ќе го дадеме својот максимум за да ја оствариме целта. Сите 15 меча во пролетниот дел за нас ќе биде посебно финале и секој бод ќе ни биде драгоцен“ посочи новиот шеф на Вардар.
Инаку што се однесува до неговите соработници, тоа ќе бидат Марјан Герасимовски, Теодор Терзиев и Бојан Димковски.
Инаку В.Д. Спортски директор ќе биде Влатко Колев.
Беше истакнато дека стартот на подготовките е закажан за утре, и дека ќе има играчки освежувања во текот на овој зимски преоден рок.