Тер Штеген се опоравува брзо, се враќа на терен до крајот на месецов?

81

Барселона доби добри вести во врска со опоравувањето на голманот Марк-Андре тер Штеген. Германецот беше опериран на крајот на ноември минатата година поради болките во грбот кои го мачеа и се очекуваше да биде надвор од терените најмалку два месеци.

Сепак, 31-годишниот Тер Штеген закрепнува побрзо од првичните прогнози и веќе ги брои деновите до враќањето на терените. Постои можност тој да биде целосно подготвен за настап и до крајот на јануари, пишуваат шпанските медиуми.

ПретходноЖоглев и Вардар ја завршија соработката
СледноАнгеловски на клупата на Е. Пелистер до крајот на сезоната