Третолигаши од С.Арабија бараат фудбалери преку оглас: Месечна плата до 4000 евра плус куќа

1525

На интернет страницата Фудбал Џобс (FutbolJobs) се појавија огласи од клубови кои се натпреваруваат во Третата лига на Саудиска Арабија и кои бараат фудбалери и тренери. Од сајтот наведуваат дека Саудиска Арабија работи на воспоставување на стабилен и силен фудбалски систем, а столбот да го сочинуваат европски тренери и фудбалери.
Додека Суперлигашите веќе направија мега-трансфери на фудбалери и тренери, тоа го направија и неколку второлигаши, сега на ред е да се направи стабилна и конкурентна Трета лига.

Шпанската „Марка“ во разговор со првиот човек на „Фудбол џобс“, Валентин Ботеља пренесува дека Саудиска Арабија ја отвора вратата на европските фудбалери и тренери, но и на други фудбалери надвор од Европа кои се квалитетни и сакаат да играат во оваа арапска држава.

На кандидатите им се нуди месечна плата меѓу 3000 и 4000 евра плус куќа и фиксен трошок што го сноси клубот.
Дополнително, тие ги прецизираат разграничувањата на теренот што најмногу ги бараат: напаѓач, лево крило, десно крило, креативен играч за врска, дефанзивен пивот и централен дефанзивец. Голманите засега се исклучени од овој предлог.
Ботеља исто така потврдува дека има голем интерес и за тренери и фудбалерки за Првата и втората лига во Саудиска Арабија.

ЦЕЛАТА ПРИКАЗНА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА ОВДЕ

ПретходноАнри призна за борба со депресијата
СледноПРАЗНИЧНА РАДОСТ СО НЕВЕРОЈАТНИ 32.185.186 ДЕНАРИ: ИГРАЧ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ГО ОСВОИ НАЈГОЛЕМИОТ ВЛТ ЏЕКПОТ