Чикаго и Индијана славеа победи по возбудливи завршници

101

Шест натпревари се одиграа во НБА лигата ноќта меѓу понеделникот и вторникот, а два меча имаа возбудлива завршница. Шарлот Хорнетс и Чикаго Булс одиграа 107:107 во регуларниот дел, а по продолженијата славеа „биковите“ со 119:112. Чикаго го предводеше разиграниот Розиер со 39 поени, додека кај Шарлот добра партија имаше Бриџис со 24 поени.

Индијана Пејсерс беа подобри од Бостон Селтикс со 133:131. Бостон имаше предност по првото полувреме (68:59), но во третата четвртина кошаркарите на Индијана одиграа фантастично и го свртеја резултатот во своја корист за во финишот во изедначена борба тимот од Индијанаполис славеше победа. Кај Индијана се издвои Матурин со 26 поени, а во редовите на Бостон брилјираше Браун со 40 поени.

Пораз доживеа и Милвоки во дуелот со Јута (116:132). Антетокупбо имаше трипл-дабл со 25 поени, 10 скокови и 11 асистенции, а Мидлтон уфрли 23 поени но победата ја однесе противникот кај кого финскиот интернационалец Марканен постигна 21 поен и забележа 14 скокови.
Победа впиша и Оклахома против Вашингтон со 136:128. Најефикасен беше Шеј Гилдус-Александер со 32 поени, а Холмгрен имаше 31 поен. Во поразениот тим Пул впиша 24 поени, а Кузма 22.

РЕЗУЛТАТИ
ШАРЛОТ – ЧИКАГО 112:119
ИНДИЈАНА – БОСТОН 128:136
ВАШИНГТОН – ОКЛАХОМА 128:136
МАЈАМИ – ХЈУСТОН 120:113
МИЛВОКИ- ЈУТА 116:132
ЛА КЛИПЕРС – ФИНИКС 138:111

ПретходноЃорческа по два и пол часовна борба e елиминирана од Австралија опен
СледноШевченко одбил селекторска функција