Шевченко одбил селекторска функција

456

Поранешниот украински напаѓач Андриј Шевченко одбил понуда да работи како селектор на фудбалската репрезентација на Азербејџан, пренесува „Спортинфо.аз“. Според изворот, потпретседателот на ФФ на Азербејџан, Елшад Насиров го сакал екс-играчот на Милан и на Челзи на селекторската функција.
Сепак, Шевченко ја одбил понудата затоа што планот му е да стане претседател на Фудбалската федерација на Украина и засега не планира да работи како тренер.
Шевченко работеше како селектор на Украина од 2016 до 2021 година, а беше тренер и на Џенова.
Претходно и Олег Блохин ја одбил понудата да биде селектор на Азербејџан.

ПретходноЧикаго и Индијана славеа победи по возбудливи завршници
СледноОФИЦИЈАЛНО: Дашмир Елези е нов играч на Локомотива Загреб