Шкендија ќе игра пријателска со Динамо Киев

662

Екипата на Шкендија во подготвителниот период во Анталија, Турција ќе одигра неколку пријателски средби, а меѓу нив и со најтрофејниот украински клуб Динамо Киев. Украинскиот клуб го потврди мечот кој ќе се одигра на 9 февруари.

Претходно, на 1 февруари Шкендија ќе игра со полскиот Варта Познањ.

Тетовскиот тим моментално е третопласиран на табелата, а пред некој ден го назначи Јетон Беќири за нов тренер. По првиот дел од сезоната „црвено-црните“ имаат скор од 16 победи, 9 ремија и 5 порази.

ПретходноМакедонија пред тешка мисија, Кузмановски со порака: Лавовски ќе се бориме за нашата држава, за фановите..
СледноАнри призна за борба со депресијата