Васоски прозиваше во Кратово, Силекс тргна со подготовките!

1179

Како што и беше најавено, денеска фудбалерите на Силекс ги стартуваа подготовките и тоа под водство на новиот шеф на струката, Александар Васоски. Познато е дека пред новогодишните празници тој и официјално ја презеде тренерската палка во еден од нашите наајтрофејни клубови, а од денеска и официјално стартуваше со работа.

Првата фаза од подготовките, во зависност од временските услови кратовци ќе ја одработат на својот стадион, а потоа експедицијата ќе се пресели во Охрид каде што и ќе се одиграат неколку пријателски средби.

ПретходноЗдравков означи старт на подготовките на Брегалница! (ФОТО)
СледноКизиќ и Томовски со први импресии од “Меркур Шпил Арената“ во Дизелдорф: Малку сме шокирани! (ВИДЕО)