Денеска новиот стратег на Гостивар, Исмаил Аталан означи старт на зимските подготовки. Покрај вообичаениот прв состанок со играчите на кој меѓусебно се запознаа, се одработи и првиот тренинг.
Инаку планот на подготовките за пролетниот дел е следен. Од 11 до 15 јануари ќе се тренира во Струмица, и тоа на Градскиот стадион во овој град, а предвидена е пријателска со Беласица.
Главната фаза ќе се одвива во Анталија каде експедицијата на Гостивар ќе престојува од 17 јануари до 3 февруари. Во овој период ќе се одиграат и неколку пријателски средби со квалитетни ривали се со цел екипата да биде во топ форма во пресрет на стартот на пролетниот дел.
Во врска со преодниот рок, не е тајна дека Гостивар има намера и тоа како да се засили.