25-годишниот напаѓач Владимир Жоглев заминува од екипата на Вардар. Попладнево од таборот на “црврно-црните” потврдија дека Жоглев кој сезонава одигра десет натпревари сезонава во ПМФЛ, даде гол и запиша асистенција, повеќе не е дел од клубот.
„Црвено-црните“ преку социјалните мрежи му се заблагодарија на Жоглев и му посакаа среќа во понатамошната кариера.
Жоглев беше дел од Вардар од летото 2022 година.