Никола Митревски: Најубаво е да се игра против големи репрезентации, да уживаме на утрешниот дуел со Франција!

164

СпортСпорт во Дизелдорф, Марија Ковачева

Утре од 18 часот на стадионот во Дизелдорф, нашата ракометна селекција ќе го игра својот прв меч од групата – А на ЕП. Се чини дека потежок противник за првиот меч и да сакавме не можевме да одбереме.

Нашиот голман Никола Митревски, еден од нашите најголеми адути на ова ЕП има свој коментар за што може да се очекува против веројатно најсилната репрезентација во светот:

Најслатко и најубаво е да се игра против големите селекции, против претендентите за освојување на трофеите. Затоа што се што ќе направиме ќе биде позитивно. Како аутсајдер нема што да загубиш. Треба да уживаме, да го исполниме се она што го трениравме во изминатите денови. Знаеме дека Франција е главен фаворит за освојување на трофеите. Комплетни се, можеби Жерард што не игра, но и другите не заостантуваат зад него“.

-Како беше чувството кога денеска излеговте на паркетотот на стадионот во Дизелдорф?

Па, убаво. Неовообичаено. Како што стадионот е голем светлата ќе бидат насочени долу на теренот, ќе има поголема фокусираност на самиот терен отколку на трибините. Би требало да е убаво. Ќе се наполни стадионот“

-Од голмански аспект како е да се подготвуваш кога знаеш дека ќе играш против големи играчи?

Во последните неколку сезони играм постојано против нив во ЛШ, па така навикнат сум на нив. На таков вид на противници. Треба да се сите свесни што не очекува, нема откажување“.

-Свесни ли се помладите, за тие што немаат поголемо искуство, има ли трема кај нив?

Треба да сфатиме дека нивото на кое што сме, и нивото на кое што играме не е исто со дел од репрезентативците. Ќе треба многу да се вложи, ќе мора да се даде еден за друг, за да пробаме да се носиме против Франција“ заклучи Митревски.

ПретходноНаполи на Конте му понудил 8 милиони евра по сезона!
СледноТретолигаши од С. Арабија преку оглас бараат играчи, се нудат плати од 3.000-4.000 евра, плус стан!