Водич за 19-те јануарски ракометни денови во Германија

194

24 репрезентации и 19 денови врвен ракомет ќе гледаме и на ова Европско првенство кое ќе се одржи во Германија, поточно во градовите Дизелдорф, Берлин, Келн, Минхен и Манхајм.

Прв фаворит за титулата е моќната Данска, трикратен последователен светски шампион, кој цели 12 години се нема искачено на европскиот трон, последен пат со златото на градите беше во Србија (2012 година). Оттогаш наваму има четири бронзи и едно сребро.

Веднаш за Данците се Французите. Актуелниот олимписки првак во Германија доаѓа по своето четврто злато на Европските првенства. Француските ракометари се наоѓаат во група со Македонија (денеска ќе ги одмерат силите), домаќинот Германија и Швајцарија. Според составот треба како првопласирана селекција да се пласираат во главната рунда.

Следните репрезентации кои исто така треба да ги видиме на тронот се бранителот Шведка, кој пред две години испиша европска бајка. Тука е финалистот Шпанија и можеби селекцијата на Исланд.

Сепак на големите натпреварувања – изненадувањата секогаш се присутни и секако добредојдени.

Шампионатот стартува денеска во Дизелдорф, со дуелите меѓу Македонија – Франција и Германија – Швајцарија.

Во продолжение можете да ги видите групите и распоредот за ова ЕП.

ПретходноФабио Канаваро: “Клупата на Наполи? Спремен сум, ама јас не одлучувам за тоа!“
СледноЛино Червар: Некоректно е да се бара од Лазаров да ја мине групата!