Дончиќ и Далас со пораз, во Детроит ништо ново, Дејвис блескаше за победа на ЛА Лејкерс

159

Иако немаше свој ден, сепак Лука Дончиќ за Далас против Мемфис постигна 31 поени, но и тоа не беше доволно за победа на неговиот тим. Крајниот резултат Далас – Мемфис 103:120 е разочарувачки а сите во тимот на Словенецот.

Детроит си тера по старо, пораз од Сакраменто и тоа на свој терен со 110:131. Во победничкиот тим фантастичен беше Домантас Сабонис со трипл-дабл. Со 37 поени, 10 скокови и 13 асистенции. Во поразениот тим Бојан Богдановиќ по обичај беше најефикасен со 26 поени.

Во одличен меч ЛА Лејкерс со 132:131 успеа да слави над Торонто. Интересно, последната четвртина заврши со резултат 44:42. Ентони Дејвис со 41 поени 11 скокови беше најдобар во составот на победникот, додека Леброн Џејмс застана на 22 поени, но и 12 асистенции.

На останатите мечеви утринава во НБА се постигнаа следните резултати:

Орландо – Минесота 92:113, Њујорк – Портланд 112:84.

ПретходноНекогашен голман на Фенер и Газијантеп потпиша за Гостивар! (ФОТО)
СледноОсимен удри по менаџерот на Кварацкелија: Ти си ѓубре! Будало, не го споменувај моето име! (ФОТО)