Немања Матиќ го напушта Рен затоа што клубот не го испочитувал планот за школување на неговите деца

2983

Српскиот репрезентативец Немања Матиќ го напушта Рен по само пола година. Српскиот играч за врска е лут на клубот затоа што не го испочитувал договорот за упис на неговите деца во меѓународно училиште во Франција. „Екип“ пишува: „Матиќ не се појави на тренингот во вторникот и веројатноста дека ќе се појави во Рен е околу нула“.

„Српскиот играч за врска, големо засилување за Рен во летниот преоден рок, одлучил да си оди. Наводно го испразнил ормарот во тренинг центарот и е лут поради тоа што клубот не го испочитувал планот за школување на неговите деца. Го изгуби и добриот однос со соиграчите, а му засметало и тоа што не играл против Тулуз“, пренесува „Екип“.

Матиќ требало да го засили Лион но ништо од тоа. Се шпекулира дека ќе ја заврши кариерата. Инаку Немања Матиќ во кариерата играше за Челзи, Витесе, Бенфика, Манчестер Јунајтед и Рома.

ПретходноСо срце за Македонија: Македонската химна ечи во Дизелдорф (ВИДЕО)
СледноМакедонија има четири гола негатива по првото полувреме