Поранешниот холандски репрезентативец Марк Овермарс нема да работи во професионалниот фудбал една година поради непримерно однесување кон службенички на Ајакс Амстердам. Тој испраќал непримерни соопштенија и фотографии на неколку жени во клупските канцеларии, а Ајакс го отстрани од функцијата спортски директор во февруари 2022 година.
Независен спортски суд го санкционира Овермарс во рамките на холандскиот фудбал, а по напуштањето на Ајакс, Овермарс започна работа како технички директор во белгиски Антверпен. Но по барање на локалната Федерација, ФИФА го направи суспензијата глобална.
Овермарс нема да може да извршува никаква дејност во фудбалот една година.