Американците шокирани: Зошто Јокиќ не е прогласен за најдобар кошаркар во Србија?

597

Дали е ова една мала слатка одмазда? Имено кошаркарскиот свет е шокиран, посебно во САД, од фактот дека Никола Јокиќ не прогласен за кошаркар во 2023 година во Србија туку Богдан Богдановиќ. Во овој избор учествувале 40 новинари и новинарки и Богдановиќ добил 27 гласа а Јокиќ само 10.

Во Србија ова се коментира дека поважно е што Богдановиќ беше најдобар на СП во својот репрезентативен тим кој што освои сребро отколку тоа дека Јокиќ е МВП и освојувач на титулата во НБА во дресот на Денвер. А познато дека Јокиќ одби да игра на СП за Србија. 

Сепак треба да се каже дека во минатото обично Јокиќ беше прогласуван за кошаркар на годината во својата земја.

ПретходноФранција со респект гледа кон момците на Лазаров: Имаат голема желба да ја направат горда својата нација!
СледноГо одбил големиот Баерн за да направи трансфер во Тотенхем