Насер Ал – Келаифи, претседателот на ПСЖ покрај тоа што говореше дека со Килијан Мбапе има договор и дека има шанси тој да остане на “Паркот на Принцовите“, се осврна и на Лео Меси.
И тоа поради фактот дека по заминувањето од Париз, Аргентинецот во неколку наврати посочи дека не е баш толку воодушевен од неговиот престој во ПСЖ.
Насер Ал – Келаифи не криеше дека е разочаран од Аргентинецот:
“Меси е најдобриот фудбалер во светот. Не му беше лесно од Барселона, каде се се вртеше околу него, да се прилагоди во ПСЖ. Имам голем респект кон него, но ако некој говори лошо за тимот кога ќе си замине, тогаш тоа не е во ред. Тоа не е нашиот стил. Лео не е лошо момче, но таквиот негов однос мене не ми се допаѓа“ рече покрај другото првиот човек на ПСЖ.