Македонските интернационалеци во Динамо Загреб, Стефан Ристовски и Аријан Адеми добија соиграч од Косово. Се работи за Арбер Хоџа кој доаѓа од редовите на Славен за нешто помалку од еден милион евра, а на клубот од Белупо ќе му припаднат и 15% од евентуален нареден трансфер.
Хоџа е лево крило, а претходно играше за Локомотива Загреб и за косовските Балкани и Приштина. Инаку е роден во Хајделберг, Германија и за Косово има три настапи и еден гол.