Копмајнерс ја однесе Аталанта во полуфиналето на Купот

98

Со двата гола на Копмајнерс, екипата на Аталанта го замолкна „Сан Сиро“ совладувајќи го Милан со 2:1 и обезбедувајќи место во полуфиналето на Купот на Италија. Иако „росонерите“ први погодија преку Леао за водство од 1:0, гостите од Бергамо покажаа упорност и на крајот дојдоа до голема победа.

Копмајнерс со голот во судиското продолжение во првиот дел израмни на 1:1, а од белата точка во 59. минута погоди и за 1:2 што се покажа како доволно за триумф.

Аталанта им се приклучи на Лацио и Фиорентина кои пред нив веќе се пласираа во полуфиналето.

ПретходноЛига Куп: Ливерпул во три минути направи пресврт за победа над Фулам
СледноСполстра потпишува нов договор со Мајами вреден 120 милиони долари!