Со четири постигнати гола, Филип Кузмановски имаше солидна партија на денешниот дуел со Франција. По мечот и самиот истакна дека Македонија денеска играе против можеби и првио0т фавирот за златото.
„Со нетрпение го чекавме мечов. Бевме многу мотивирани, игравме против Франција која за мене е фаворит за златото. Мислам дека не ти треба посебна мотивација да играш против еден ваков тим. Задоволен сум од играта во првото полувреме, но квалитетот на Франција се виде потоа. Секоја грешка ја казнуваат, тоа е нивниот квалитет. Има многу работи кои можеме да ги научиме од нив. Видов многу позитивни работи од нашата игра, имаме и доволно време од четири дена да направиме анализа. Да се одмориме и да се подготвивме за следниот меч“, изјави Кузмановски.