Лига Куп: Ливерпул во три минути направи пресврт за победа над Фулам

214

Три минути им беа потребни на фудбалерите на Ливерпул да направат комплетен пресврт и да дојдат до победа од 2:1 на средбата со Фулам во првиот меч од полуфиналето на Лига Купот.

Домашните подобро го започнаа натпреварот играјќи претежно на половината на Фулам, но избраниците на Јирген Клоп не успеаја да дојдат до водство. Првиот сериозен напад Фулам го направи во 19. минута и веднаш поведе. Бразилецот Вилијам успеа да го совлада Келехер и да најави проблеми за домашните.

Ливерпул во првиот дел не успеа да израмни, но во второто полувреме во многу кус период постигна два гола. Домашните израмнија во 68. Минута кога Куртис Џонс шутираше, а топката од телото на еден гостински играч заврши во мрежата на Лено.

Три минути подоцна Ливерпул направи пресврт. Нуњез го проигра Гакпо кој погоди за конечни 2:1.

Реваншот се игра на 24 јануари во Лондон.

ПретходноЛуд меч со осум гола во Ријад: Реал подобар од Атлетико за финале во Суперкупот (ВИДЕО)
СледноКопмајнерс ја однесе Аталанта во полуфиналето на Купот