Лино Червар: Некоректно е да се бара од Лазаров да ја мине групата!

1603

Лино Червар, еден од најдобрите ракометни тренери во Европа, некогашен стратег на Металург и предводник на репрезентацијата на Македонија, секако дека секогаш е интересен со своите коментари кога станува збор за вака големи натпреварувања, како што е ЕП.

Популарниот Лино за црногорскиот портал “Лобспорт“, покрај останатото говореше и за нашата селекција:

Македонија се падна во исклучително тешка група. Избранците на Кире Лазаров тешко дека може нешто да бараат против Франција и Германија, евентуално може да се победи Швајцарија. И кога е така тогаш јасно е дека крајно некоректно ќе биде од Лазаров да се бара да ја мине групата“ потенцираше Червар.

ПретходноВодич за 19-те јануарски ракометни денови во Германија
СледноСтоле, Филип и фановите со порака до ракометарите: Момци само храбро (ВИДЕО)