Македонија на ЕП има повеќе порази од вкупниот број на победи и ремија

158

СпортСпорт во Дизелдорф, Марија Ковачева

Македонската ракометна репрезентација со години е единствениот наш национален тим кој редовно учествува на големите натпреварувања. „Црвено-жолтите“ денеска (18 часот) против Франција ќе го отворат седмото по ред Европско првенство, вкупно осмо во својата историја.

Првото учество беше во 1998 година, а од 2012 година па наваму знамете и името на Македонија е постојано присутно на континенталните натпреварувања.

Вака ќе биде и овој јануари. Кирил Лазаров и неговите избраници се дел од европскиот крем, ќе играат против Франција, Германија и Швајцарија. Со оглед на младоста и скромното искуство, со исклучок на неколку имиња, предизвикот е голем.

Во сите свои осум настапи, Македонија има одиграно 37 натпревари на Европските првенства, има скор од осум победи, шест ремија и 23 порази. Вкупниот број на постигнати голови е 906, додека примени 1025.

Најдобриот пласман е во 2012 година и петото место. До ова остварување Македонија дојде со најдобрата генерација која тогаш беше далеку постара и поискусна од онаа со која што сега располагаме.

Иако низ годините иако имавме силен состав со сите ѕвезди, сепак стануваше се потешко за да се стигне до повисок пласман, да не заборавиме дека тогаш одеа трите најдобропласирани репрезентации од секоја група, од 2020 година системот се промени, одат само првите две земји од секоја група.

ПретходноОсимен удри по менаџерот на Кварацкелија: Ти си ѓубре! Будало, не го споменувај моето име! (ФОТО)
СледноПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ОСВОИ Х.М. ОД ТЕТОВО СО НАЈГОЛЕМИОТ ВЛТ ЏЕКПОТ ВО МАКЕДОНИЈА