Од денес нападот на Тиквеш е посилен за Христијан Малески, кој во редовите на кавадарчани доаѓа како позајмен играч од Струга Трим Лум.
21-годишникот есенската полусезона настапуваше како позајмен играч во Брера Струмица, а за струмичани настапи на десет првенствени натпревари и постигна еден гол.
Малески со Струга ја освои титулата во Првата лига, а во својата кариера има настапувано и за Велешта, Караорман и Новаци.
Тој во Тиквеш доаѓа како позајмен играч до крај на сезоната.