СпортСпорт во Дизелдорф, Марија Ковачева
Нашата ракометна селекција на својот прв меч на ЕУРО 2024, загуби од Франција со 29:39. Мечот добро го започнавме, нашите момци започнаа одлично, имавме во 15.минута 10:8 водство,но потоа Франција покажа сила успеа на крајот да слави.
Марко Митев по мечот ги искоментира настаните на теренот во Дизелдорф:
“Беше еуфорично кога се игра пред 53.000 гледачи. До 45 минута имавме, да не кажам егал утакмица, се боревме, го оставивме срцето на терен и тоа е. На почетокот влеговме многу мотивирано, бевме фокусирани. Во второто полувреме тој фокус ни падна, и кога играш против селекција како Франција толку треба. Треба да кажам дека некои ситници не ги исполнивме што го бараше селеторот, но нели, играта те носи. Сега следува Германија, имаме 4 дена да се подготвиме, да се спремиме“ изјави Митев.