СпортСпорт во Дизелдорф, Марија Ковачева
Голем дел од ракометарите од секогашниот состав на македонската репрезентација ова Европско првенство ќе биде прво големо натпреварување, за дел само второ. Имињата со поголемо искуство на списокот на Лазаров се многу малку, новата Македонија ќе созрева на овие првенства против големи и светски противници.
Еден од нив е Марко Митев. За него ова е второ Европско натпреварување, првпат во дресот на Македонија на едно вакво првенство настапи пред две години во Унгарија.
„Чувството е неописливо, играме на стадион, нешто што не се случува тоа секој ден. Имаме мала-позитивна трема, но тоа е нормално. Едвај чекаме да играме пред полни трибини на стадионот, да ја почувствуваме таа атмосфера.
Франција е величина во ракометот, не треба да се трошат премногу зборови за олимпискиот првак и за еден од главните кандидати за освојување на медал на ова ЕП. За нас помладите играчи во репрезентацијата оваа земја е голем предизвик. Како екипа ќе го оставиме срцето на терен, ќе го дадеме максимумот за себе, за навивачите и за својата земја“, ни изјави Марко Митев.
Дуелот меѓу Македонија и Франција стартува во 18 часот.