Официјално: Захов не е веќе дел од Шкендија!

1647

По цели девет сезони, од денеска и официјално Костадин Захов не е веќе дел од Шкендија. Како што известуваат од таборот на тетовци, Шкендија и Захов ја прекинале соработката. Ова значи дека сега тој ќе може без проблем да замине во Воска, како што и се шпекулираше.

Инаку Захов во Шкендија дојде во 2015 година и беше дел од златната генарација на тимот кој што во три наврати играше во плеј – офот во Лигата на Европа и освои три шампионски пехари два во Купот на Македонија.

Секако дека Шкендија му се заблагодари на Захов за се она што го направи тој во изминатиот период.

ПретходноТренерот на Торонто збесна: Ова е комплетно ср*ње! (ВИДЕО)
СледноТалески: Стадион трансформиран во сала – ова е историја за целиот спорт!