Денеска, како што и беше планот, своите зимски подготовки ги стартуваа и фудбалерите на Работнички. Стратегот Гоце Седлоски по прозивката и првиот состанок со своите играчи го одработи и првиот тренинг на комплексот на Работнички во Градски парк.
Инаку планирано е експедицијата од 16 до 23 јануари да се подготвува во Охрид, за да од 25 јануари се оди во Медулин (Хрватска) и таму ќе се остане се до 9 февруари. Во Хрватска ќе се одиграат и неколку пријателски средби со силни противници.