Тренерот на Мајами Хит, Ерик Сполстра, ќе потпише нов, осумгодишен договор со клубот вреден 120 милиони долари, пренесуваат американските медиуми. Со тоа Сполстра ќе го продолжи престојот во клубот од Флорида каде што е од 1995 година, каде што работеше како помошник на тогашниот тренер Пет Рајли.
Инаку Сполстра по 13 години работа со Рајли, во 2008 година стана и тренер на клубот.
А ова е еден од највредните договори во НБА лигата кога се работи за тренерите. Во превод Сполстра ќе заработува по 15 милиони долари годишно, а само Грег Попович е поплатен од него со 19 милиони долари на годишно ниво.
Сполстра со Хит два пати беше шампион и шест пати го водеше тимот до финалето.