Спортскиот директор на Бетис за 8 милиони евра се пресели во С. Арабија, во Ал Итихад!

192

Прво играчи, па тренери, следуваа судии а сега на ред се и спортски директори. Тоа е девизата на пребогатите клубови од С. Арабија. Па така Рамон Планес, екс техничкиот директор на Барселона и довчерашен спортски директор на Бетис ја прифати понудата од С. Арабија, поточно од Ал Итихад и сега ќе раководи со спортскит дел од клубот во кој играат Бензема, Канте, Фабињо и друго.

Според медиумите во Шпанија неговиот договор е на три години, до декември 2026 и за возврат ќе добие 8 милиони евра. Сума која во Бетис ни сон не може да ја замисли.

ПретходноОфицијално: Шкупи се пофали со Дарко Додев! (ФОТО)
СледноФранција со респект гледа кон момците на Лазаров: Имаат голема желба да ја направат горда својата нација!