Шампионот договори четири контроли во Анталија: Ривали се Оренбург, Арка Гдањск, Черноморец, Лоѓ (ФОТО)

143

Како што беше најавено, шампионот тимот на Струга ТЛ главната фаза од тековните подготовки ќе ја одработи во Анталија каде ќе престојува од 20 јануари до 3 февруари.

Четата на стратегот Шпетим Дуро покрај вообичаените тренинзи ќе одигра и четири пријателски средби со силни ривали.

Противници на Струга ТЛ се Оренбург (Русија) на 23 јануари,Арка Гдањск (Полска) на 27 јануари, потоа Черноморец (Украина) на 29 јануари и Лоѓ (Полска) на 2 февруари.

Генералката пред стартот на пролетниот дел е закажана против Тиквеш на 10 февруари.

ПретходноСтоле, Филип и фановите со порака до ракометарите: Момци само храбро (ВИДЕО)
СледноМакедонската „Фаланга“ ќе ги обои трибините во „црвено-жолто“ (ФОТО)