СпортСпорт во Дизелдорф, Марија Ковачева
Германија им приреди вистински спектакл на своите фанови кои дојдоа заедно да испишат историја. Стадионот „Меркур Шпил Арена“ беше исполент до последното место за последниот дуел од нашата група А. Точно 53.586 фанови ги проследија двете средби.
Домашните ракометари беа максимално мотивирани, славеа со 27-14. Примија само осум гола во првото полувреме, додека во вториот дел Швајцарија до 54. минута имаше постигнато само два гола или цели 17. минути беше без постигнат погодок. Голем удар за оваа репрезентација е повредата на голманот Портнер, незгодно доскокна, мораше да го напушти теренот.
Волф беше спектакуларен запиша 14 одбрани и беше сменет на девет минути до крајот.
Германија е следен противник на Македонија на ЕП, дуелот се игра на 14. јануари во Берлин.