Дали е ова една мала слатка одмазда? Имено кошаркарскиот свет е шокиран, посебно во САД, од фактот дека Никола Јокиќ не прогласен за кошаркар во 2023 година во Србија туку Богдан Богдановиќ. Во овој избор учествувале 40 новинари и новинарки и Богдановиќ добил 27 гласа а Јокиќ само 10.
Во Србија ова се коментира дека поважно е што Богдановиќ беше најдобар на СП во својот репрезентативен тим кој што освои сребро отколку тоа дека Јокиќ е МВП и освојувач на титулата во НБА во дресот на Денвер. А познато дека Јокиќ одби да игра на СП за Србија.
Сепак треба да се каже дека во минатото обично Јокиќ беше прогласуван за кошаркар на годината во својата земја.