Британските обложувалници ги ажурираа своите коефициенти за обложувањата кој менаџер од Премиер лигата ќе биде следниот кој ќе добие отказ. Иако таму долго време „прв фаворит“ беше менаџерот на Манчестер Ј., Ерик Тен Хаг, по подолго време тој не е оној со најмал коефициент.
Тренерот на Манчестер Јунајтед сега е втор на листата, додека пред него се најде 76-годишниот Рој Хоџсон од Кристал Палас.
Покрај овие двајца, трет фаворит за отказ е Еди Хау од Њукасл.