Се чини дека и дефинитивно владее хаос во Наполи. Резултатите се никакви, тренерот Мацари не знае што да прави, газда Де Лаурентис преговара со Конте, а Осимен и Кварацкелија се расправаат преку менаџерите.
Па така по изјавата на менаџерот на Грузиецот, Мамука Југели дека кога тогаш Осимен ќе се пресели во С. Арабија и тоа само поради парите, неговиот пулен тоа нема да го направи и дека сака да игра само во големи клубови во Европа, Нигериецот збесна.
По сето ова Виктор Осимен сочно го “поздрави“ менаџерот на Квича на социјалните мрежи покрај другото и со овие зборови:
“Драги Мамука Југели, ти си ѓубре!Будало, не го споменувај моето име!“.