Хаосот во Наполи и натаму е на сцена. Откако Антонио Конте се чини дека и дефинитивно ја одби понудата на Аурелио Де Лаурентис, сега се повеќе се шпекулира дека Фабио Канаваро, легендарниот некогашен фудбалер би можел да седне на клупата на клубот од под Везув.
“Се чини дека е вистинско време за тоа. Јас сум спремен, ама познато е дека не сум јас тој што одлучува за тоа кој ќе биде тренер во Наполи. Искрено досега сум немал никаков контакт, Бешикташ беше во игра бо овој клуб се одлучи за Фернандо Сантош“ рече Канаваро.