Гризман стана најдобриот стрелец во историјата на Атлетико

130

Напаѓачот Антонио Гризман стана најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид. Во мечот од шпанскиот Суперкуп против Реал Мадрид, Французинот постигна гол во првото полувреме и со тоа го урна рекордот.
Тоа е негов 174 гол во кариерата во дресот на Атлетико и го помина легендарниот Луис Арагонес на вечната листа на клупски стрелци.
Овие 174 гола, Гризман ги постигна во 368 натпревари за Атлетико. Од нив 123 ги постигна во Ла Лига, 31 во ЛШ, 13 во Купот на кралот, 6 во Лига Европа и еден во шпанскиот Суперкуп.

ПретходноСрам за Саудиска Арабија: Свирежи на едно минутното молчење во чест на Бекенбауер
СледноИмавме многу добри моменти против Франција: Ѕверските одбрани на Митревски, бомбата на Фитиљ