Одлична партија и победа на Ц. Звезда во Милано

185
0

Кошаркарите на Црвена звезда по поразот од Асвел во минатото коло, денеска им се вратија на победите совладувајќи го Армани во Милано со 62:76 во 21. коло од Евролигата.

Изедначениот старт на дуелот на крајот сепак му донесе предност на белградскиот тим по првите 10 минути игра од 15:23.

До полувреме, Црвена звезда продолжи да игра добро и успеа да направи предност од 31:47 за заминување на одмор.

По тоа феноменално полувреме Армани се врати со одлична трета четвртина во која анулираше шест поени, но гостите и натаму ја задржаа предноста која до крајот им донесе и прилично убедлива победа.

Гедраитис постигна 22 поени, а Џоел Боломбој имаше 14 поени кај победникот, додек Џордано Бортолани постигна 14 за Армани.

Претходно, Фенербахче по продолжение го совлада Баерн со 98:91, а ПАО прилично лесно го совлада монако со 88:63.

ПретходноБонучи е нов член на турски Фенербахче
СледноХет-трик на Милик, Јувентус во полуфинале на Купот