Првиот финалист во Супер Купот на Шпанија е Реал Мадрид кој вчера во спектакуларен меч славеше со 5:3 против Атлетико Мадрид. Вечерва во С. Арабија, се игра и второто полуфинале меѓу Барселона и Осасуна. Се разбира дека цел фудбалски свет посакува Ел Класико во финалето, а тоа го сака и организаторот.
Интересно е тоа што организаторот размислува за тоа со која цена би ги продавал билетите за големото финале кое се игра во недела, велиме интересно зошто е одлучено на следниот начин.
Ако во недела во финалето играат Реал и Барса, тогаш билет ќе чини 50 евра. Во случај во финалето да играат Реал и Осасуна, тогаш еден билет ќе чини симболични 7 евра.