Алтипармаковски е „црвено-црн“ – дојде за голови во Вардар

2564

Маријан Алтипармаковски одлучи да ј прифати понудата од Вардар и да се приклучи на тренинзите на скопските „црвено-црни“ кои доведоа искусен фудбалер во нападот. Алтипармаковски има огромно искуство и добро ја знае домашната лига во која со успех има настапувано за екипите на Пелистер, Работнички, Струга Т.Љ и Брегалница.

Битолчанецот има и добра интернационална кариера а има играно за екипите на Ксанти, Судува, Лачи, Сараево и Раднички Белград каде мина во изминатите 6 месеци.
Овој 32-годишен играч од нападот доаѓа во вистинско време во составот на Вардар на кој му требаше ваков профил на фудбалер.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Ганецот Ансах е нов играч на Шкупи
СледноДенеска на ЕП: БиХ e аутсајдер против Шведска, деби на Фарски Острови