Аргентинецот Франко од Брера се сели во дресот на Вардар

1836

22-годишниот лев бек Нахуел Франко ќе биде ново засилување за екипата на Вардар оваа пролет. Според последните информации, фудбалерот кој веќе една година е во Македонија како дел од екипата на Брера Струмица, доаѓа на позајмица во екипата на Вардар.

Франко потекнува од школата на Розарио и беше последното минатогодишно зимско засилување за струмичани. Во тековната сезона тој имаше 16 настапи за екипата на Брера во ПМФЛ.

ПретходноОдермат со прва домашна победа во Венген
СледноСрбија во шок: Тинејџер со 18 години од некој си ИМТ во Стразбур за 5 милиони евра!